Текст песни




Неврзаните
Неврзаните
Неврзаните
Неврзаните
Бевме тогаш неврзаните
Се врзавме сега самите
Од што толку им се плашите
Стари драми ни правите
Бевме тогаш неврзаните
Со увоз сега се храните
Кој ве натера тоа да правите
Сол на раните на партизаните
Бевме тогаш неврзаните
Сега таму трупи праќаме
Уште ли да се надеваме
на маргини на самит чекаме
Бевме тогаш невзраните
Сега сами од себе се срамиме
До кога ли ќе се мамиме
Додека не ви паднат главите
Ирак БУМ
Либија БУМ
Југославија БУМ
Неврзаните БУМ
Гватемала БУМ
Палестина БУМ
Афганистан БУМ
Неврзаните БУМ
Бевме тогаш неврзаните
Сега поделени сме на страните
Ви стигаат ли дома парите
Не се наши веќе електраните
Бевме тогаш неврзаните
Сега само непрошетаните
Ќе останат ли дома младите
Не, ако исти се во владите
Бевме тогаш неврзаните
Не одлучуваме сега самите
Историја ли ќе ни палите
Ќе ви влезе во аналите
Бевме тогаш неврзаните
Сега само сме жалните
Да ве прашам дали арни сте
Луѓе за грам трева во занданите



Авторы: Dragan Ivanov



Внимание! Не стесняйтесь оставлять отзывы.
Загрузка
Загрузка